Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за  Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи.

Известувачот Ваитз рече дека Македонија треба да го искористи моментот создаден поради руската агресија против Украина и да направи се што е во нејзина моќ да ги отвори преговорите со цел брзо членство во ЕУ.

Вети дека ќе направи се што е во негова моќ и на Европскиот парламент да го оствари ова заедничка цел.

Вицепремиерот Фетаи го информираше Ваитз за активностите на Владата за спроведување на реформската агенда, посебно во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата. Фетаи ја истакна и важноста за изградба на Коридорот 8 како безбедносен проект и за справување со еколошките предизвици.

Изрази загриженост за руското влијание врз информативниот простор на Северна Македонија, кое треба да се третира како сериозно прашање за националната безбедност.

Вицепремиерот му се заблагодари на домаќинот за конструктирвната средба и се заложи за координација на следните активности важни за европската иднина на земјата.

globe

Слични новости

Филипче: Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта

Филипче: Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил објави дека најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните.

Мицкоски: Не отстапувам ни милиметар од ставот за уставните измени, бараме достоинствено решение

Мицкоски: Не отстапувам ни милиметар од ставот за уставните измени, бараме достоинствено решение

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот во однос на уставните измени во контекст на продолжување на преговорите со Европската унија, потенцирајќи дека се бара достоинствено решение, а тоа се уставни измени со одложено дејство

Владата ги одобри 250-те милиони евра за бизнис секторот, на потег банките и компаниите

Владата ги одобри 250-те милиони евра за бизнис секторот, на потег банките и компаниите

Владата денеска ги одобри договорите за користење на средствата од унгарската кредитна линија наменети за компаниите со што практично сега Развојната банка може да ги потпише договорите со банките и средствата да станат оперативни