Во единствениот дуел одигран изминатата ноќ во НБА лигата Феникс Санс со 115:102 на домашен паркет ги совладаа Лос Анџелес Клиперс.
Клипер на гостувањето заминаа значително ослабени, бидејќи Џејмс Харден не беше во тимот, поради лични причини, како и повредениот Каваи Леонард.
Најдобри во победничкиот тим беа Џејлен Грин со 29 поени и Девин Букер со 24 поени, седум асистенции и шест скока.
Ивица Зубац постигне 23 коша со 11 скокови за Клиперс, а Дерик Џонс беше единствениот покрај него во стартната петорка што постигна двоцифрен број поени со десет коша. Меѓу играчите од клупата, најуспешни беа Кам Кристи со 17 поени, Џон Колинс со 13 и Богдан Богдановиќ со 12 поени и пет асистенции.
Гостите имаа минимална предност на полувремето (51:48), но Феникс „експлодираа“ во третата четвртина, во која играчите на Ото Џордан постигнаа дури 40 поени а примија само 23, со што го свртија натпреварот во своја полза.
По третиот пораз по ред, ЛА Клиперс паднаа на соодносот победи – порази на 3-5 и се на 12-то место на табелата во Западната конференција на НБА. Со третата победа во последните четири настапи, Феникс се искачи на деветтото место со учинок од 4-5.
Слични новости
Денвер поразен дома од Далас и покрај трипл-даблот на Никола Јокиќ
Кошаркарите на Денвер Нагетс утринава загубија од Далас Маверикс и покрај новиот трипл дабл на Никола Јокиќ кој постигна 29 коша, имаше 20 скокови и подели 13 асистенции.
Голманот Џејмс Трафорд сака да замине од Манчестер сити
Џејмс Трафорд ова лето потпиша за манчестер сити од Барнли за 27 милиони фунти, но очекуваше дека ќе брани. Откако тимот го доведе Џанлуиџи Донарума тој има се помала минутажа на теренот.
Тренерот на Аугсбург Сандро Вагнер доби отказ по серија лоши резултати
Бундеслигашот Аугсбург му даде отказ на тренерот Сандро Вагнер по низата слаби резултати на тимот. Екипата од Баварија има три порази во низа во Бундеслигата каде што се наоѓа на 14-тото место со само 3 победи од 12 одиграни мечеви.


