Во единствениот дуел одигран изминатата ноќ во НБА лигата Феникс Санс со 115:102 на домашен паркет ги совладаа Лос Анџелес Клиперс.

Клипер на гостувањето заминаа значително ослабени, бидејќи Џејмс Харден не беше во тимот, поради лични причини, како и повредениот Каваи Леонард.

Најдобри во победничкиот тим беа Џејлен Грин со 29 поени и Девин Букер со 24 поени, седум асистенции и шест скока.

Ивица Зубац постигне 23 коша со 11 скокови за Клиперс, а Дерик Џонс беше единствениот покрај него во стартната петорка што постигна двоцифрен број поени со десет коша. Меѓу играчите од клупата, најуспешни беа Кам Кристи со 17 поени, Џон Колинс со 13 и Богдан Богдановиќ со 12 поени и пет асистенции.

Гостите имаа минимална предност на полувремето (51:48), но Феникс „експлодираа“ во третата четвртина, во која играчите на Ото Џордан постигнаа дури 40 поени а примија само 23, со што го свртија натпреварот во своја полза.

По третиот пораз по ред, ЛА Клиперс паднаа на соодносот победи – порази на 3-5 и се на 12-то место на табелата во Западната конференција на НБА. Со третата победа во последните четири настапи, Феникс се искачи на деветтото место со учинок од 4-5.

globe

Слични новости

Арсенал со победа против Брајтон повторно на 5 бода разлика од Сити

Арсенал со победа против Брајтон повторно на 5 бода разлика од Сити

Арсенал продолжи да ги дообива мечевите „кои мора да се добијат“, оние од категоријата „мали мечеви“ на кои всушност се освојуваат титулите. Арсенал го победи Брентфорд на својот стадион со 2:0 и сега води во Премиер лигата со 33 бодови

Пропадна трансферот на Нејмар во Интер Мајами

Пропадна трансферот на Нејмар во Интер Мајами

Медиумите пишуваат дека Дејвид Бекам се откажа од идејата да го доведе Нејмар да игра во Интер Мајами заедно со Лео Меси. Со тоа Нејмар сигурно останува во неговиот клуб Сантос во Бразил до крајот на летото.

Лука Дончиќ прогласен за играч на неделата на Западот

Лука Дончиќ прогласен за играч на неделата на Западот

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Лука Дончиќ е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата. Тој на три натпревари одиграни неделава имаше просек од 37,3 поени, 10,3 асистенции и 8,7 скока по натпревар.