Во единствениот дуел одигран изминатата ноќ во НБА лигата Феникс Санс со 115:102 на домашен паркет ги совладаа Лос Анџелес Клиперс.
Клипер на гостувањето заминаа значително ослабени, бидејќи Џејмс Харден не беше во тимот, поради лични причини, како и повредениот Каваи Леонард.
Најдобри во победничкиот тим беа Џејлен Грин со 29 поени и Девин Букер со 24 поени, седум асистенции и шест скока.
Ивица Зубац постигне 23 коша со 11 скокови за Клиперс, а Дерик Џонс беше единствениот покрај него во стартната петорка што постигна двоцифрен број поени со десет коша. Меѓу играчите од клупата, најуспешни беа Кам Кристи со 17 поени, Џон Колинс со 13 и Богдан Богдановиќ со 12 поени и пет асистенции.
Гостите имаа минимална предност на полувремето (51:48), но Феникс „експлодираа“ во третата четвртина, во која играчите на Ото Џордан постигнаа дури 40 поени а примија само 23, со што го свртија натпреварот во своја полза.
По третиот пораз по ред, ЛА Клиперс паднаа на соодносот победи – порази на 3-5 и се на 12-то место на табелата во Западната конференција на НБА. Со третата победа во последните четири настапи, Феникс се искачи на деветтото место со учинок од 4-5.
Слични новости
Слот пред заминување од „Енфилд“
Ден по тешкиот пораз од 1:4 на домашен терен од ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите, англискиот фудбалски великан Ливерпул одржа кризен состанок на раководството на клубот
Нејмар протиб мислењето на лекарите, се враќа на теренот
Бразилскиот фудбалер Нејмар се врати на тренинзите со својот Сантос, иако лекарите препорачаа да се одмора само откако го повреди левото колено
Нова победа на Тандер, заврши победничката серија на Детроит
Оклахома Сити Тандер ги победија Минесота Тимбервулвс со 113:105 синоќа на домашен терен во НБА Купот во Западната Група А, а Шаи Гилџеус-Александер ги предводеше до славјето со 40 поени


