Во единствениот дуел одигран изминатата ноќ во НБА лигата Феникс Санс со 115:102 на домашен паркет ги совладаа Лос Анџелес Клиперс.

Клипер на гостувањето заминаа значително ослабени, бидејќи Џејмс Харден не беше во тимот, поради лични причини, како и повредениот Каваи Леонард.

Најдобри во победничкиот тим беа Џејлен Грин со 29 поени и Девин Букер со 24 поени, седум асистенции и шест скока.

Ивица Зубац постигне 23 коша со 11 скокови за Клиперс, а Дерик Џонс беше единствениот покрај него во стартната петорка што постигна двоцифрен број поени со десет коша. Меѓу играчите од клупата, најуспешни беа Кам Кристи со 17 поени, Џон Колинс со 13 и Богдан Богдановиќ со 12 поени и пет асистенции.

Гостите имаа минимална предност на полувремето (51:48), но Феникс „експлодираа“ во третата четвртина, во која играчите на Ото Џордан постигнаа дури 40 поени а примија само 23, со што го свртија натпреварот во своја полза.

По третиот пораз по ред, ЛА Клиперс паднаа на соодносот победи – порази на 3-5 и се на 12-то место на табелата во Западната конференција на НБА. Со третата победа во последните четири настапи, Феникс се искачи на деветтото место со учинок од 4-5.

globe

Слични новости

12 тима во борба за преостанатите 6 места во НБА купот

12 тима во борба за преостанатите 6 места во НБА купот

На Денот на благодарноста во САД немаше натпревари во северноамериканската НБА кошаркарска лига, додека петок ги носи последните 11 натпревари од НБА Купот, по што ќе бидат познати сите осум тима што ќе се пласираат во нокаут фазата