Во единствениот дуел одигран изминатата ноќ во НБА лигата Феникс Санс со 115:102 на домашен паркет ги совладаа Лос Анџелес Клиперс.
Клипер на гостувањето заминаа значително ослабени, бидејќи Џејмс Харден не беше во тимот, поради лични причини, како и повредениот Каваи Леонард.
Најдобри во победничкиот тим беа Џејлен Грин со 29 поени и Девин Букер со 24 поени, седум асистенции и шест скока.
Ивица Зубац постигне 23 коша со 11 скокови за Клиперс, а Дерик Џонс беше единствениот покрај него во стартната петорка што постигна двоцифрен број поени со десет коша. Меѓу играчите од клупата, најуспешни беа Кам Кристи со 17 поени, Џон Колинс со 13 и Богдан Богдановиќ со 12 поени и пет асистенции.
Гостите имаа минимална предност на полувремето (51:48), но Феникс „експлодираа“ во третата четвртина, во која играчите на Ото Џордан постигнаа дури 40 поени а примија само 23, со што го свртија натпреварот во своја полза.
По третиот пораз по ред, ЛА Клиперс паднаа на соодносот победи – порази на 3-5 и се на 12-то место на табелата во Западната конференција на НБА. Со третата победа во последните четири настапи, Феникс се искачи на деветтото место со учинок од 4-5.
Слични новости
Кол Палмер се враќа во тимот на Челси за дербито против Арсенал
Менаџерот на Челси Енцо Мареска пред натпреварот Челси-Арсенал изјави дека е среќен што може да соопшти дека по двомесечна пауза поради повреда на теренот се враќа играчот за врска на Челси Кол Палмер.
Сан Антонио го освоија првото место во групата Ц откако го победија на гости Денвер
Иако ослабени без суперѕвездата Виктор Вембенјама Сан Антонио Спурс извојуваа победа на гостински терен против Денвер Нагетс во исклучително ефикасен натпревар кој заврши 139:136.
Ф1: Пјастри ја започнува спринтерската трка од пол-позицијата
Австралиецот Оскар Пјастри (Мекларен) ќе ја започне спринтерската трка од пол-позицијата за Големата награда на Катар од Светското првенство во Формула 1 која на програмата е в сабота


