Очекувањата за инфлацијата во Америка за следната година пораснаа на 3,4 насто во март, што е најмногу до сега годинава, објавија американските Федерални резерви.
Мартовскиот проекции забележаа скок за 0,4 насто во однос на минатиот месец кога проектираата инфлација изнесуваше 3 насто, пренесува Трејдинг економикс.
Кога станува збор за цената на бензинот,очекувањата на потрошувачите се движат на околу 9,4 насто, што е највиско ниво од март 2022 и повече од двојно во однос на февруари, кога очекувањата беа дека порастот ќе биде за 4,1 насто.
Слични новости
Продолжуваат да растат цените на гасот и нафтата како последица на војната на Блискиот исток
Фјучерсите на европските цени на гасот во еден момент денес скокнаа на 61 евро за мегават-час, што е највисока вредност во последните три години, а цените на нафтата од типот Брент надминаа 84 долари за барел.
Голем пад на азиските берзи поради војната на Блискиот Исток
Најголемите загуби беа забележани во Сеул, каде што тргувањето заврши со пад на пазарот од 12 проценти, најголем пад во историјата. За два дена, референтниот индекс на Јужна Кореја изгуби повеќе од 18 проценти од својата вредност, додека валутата падна на најниско ниво во последните 17 години.
Цените на гасот во Британија пораснаа за 93 насто
Големопродажната цена на гасот во Велика Британија порасна за 93 насто од почетокот на војната на Блискиот исток. Скај њуз пренесува дека само денеска цената на гасот порасна за 32 насто


