Американските федерални резерви ги задржаа референтните каматни стапки на 3,5 и 3,75 насто, со предупредување дека инфлацијата и натаму е зголемена. Одлуката е донесена со осум гласови спрема четири, што претставува најдлабока поделба во врвот на американската централна банка од 1992, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се наведува дека растот на глобалните цени на енергентите придонесува за инфлаторните притисоци, додека настаните на Блискиот исток ја зголемуваат неизвесноста во поглед на економските перспективи.

ФЕД истакнува дека економијата на САД продолжува да расте со солидно темпо, додека стапката на невработеност е стабилна.

 

Слични новости

Европските индекси во плус, паднаа цените на нафтата и златото

Европските берзански индекси денеска се во плус, а паднаа цените на нафтата и златото, додека во фокусот на инвеститорите покрај добивките на големите компании, се прелиминарните податоци за економскиот раст во еврозоната во последниот квартал на 2025.