Фудбалерите на Фулам, Евертон и Кардиф први се пласираа во четвртото коло од англискиот ФА Куп.
Премиерлигашите Фулам и Евертон славеа на своите домашни натпревари, а Фулам тоа го направи во голем стил додека Евертон многу лошо, истиот ден кога го отпуштија својот сегашен тренер, Шон Дајч.
Фулам го совлада второлигашот Ватфорд со 4:1 со головите на Родриго Муниз во 26., Хименез во 49. од пенал, Андерсен во 65. и Кастање во 85. минута. Стрелец на единствениот гол за гостите беше Вата во 33. минута.
Евертон го совлада третолигашот Питерборо со 2:0. Бето го доведе Евертон во водство во 42. минута, а неизвесноста траеше до 98. минута кога Ндијаје погоди од пенал за конечните 2:0.
Во второлигашкиот дуел тимот претпоследниот на табелата Кардиф го совлада Шефилд Јунајтед, кој моментално е трет во поредокот во Чемпионшип, со 1:0 на гостински терен. Решавачкиот гол го постигна Ешфорд во 19. минута.
Слични новости
Евролига: Барселона победи кај Монако, Панатинаикос убедлив со Партизан
Во дерби натпреварот од 20. коло на Евролигата, кошаркарите на Барселона се претставија одлично на гостински терен и го совладаа актуелниот лидер на табелата Монако со 98:84
Суперкуп на Шпанија: Реал Мадрид во финалето ќе се соочи со Барселона
Барселона и Реал Мадрид ќе играат во неделното финале на шпанскиот Суперкуп, откако мадриѓаните во полуфиналето играно во саудска Џеда ја совлада Мајорка со 3:0
Кливленд победи во пресметката меѓу водечките тимови во НБА
Кливленд Кавалирс пред своите гледачи ги совладаа Оклахома Сити Тандер со 129:122 во дуелот на водечките тимови во Источната и Западната конференција на НБА лигата