Манчестер Сити е последниот тим што стигна до полуфиналето на англискиот ФА Куп, победувајќи со 2:1 на гостувањето кај Борнмаут.
Откако Ерлинг Халанд промаши пенал за водство на Манчестер Сити во 14. минута, Борнмаут ја искористи предноста и поведе со голот на Еванилсон во 21. минута.

Халанд се извади за промашениот пенал во 49. минута, кога израмни на 1:1 на асистенција на Нико О’Рајли. Норвешкиот напаѓач поради повреда го напушти теренот во 61. минута, а неговата замена Омар Мармуш го одведе Сити во полуфиналето со голот во 63. минута, со уште една асистенција на О’Рајли.
Веднаш подоцна во недела беа извлечени полуфиналните двојки, а Манчестер Сити за пласман во финалето ќе игра против Нотингем Форест. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Кристал Палас и Астон Вила.
Двата меча ќе се играат на лондонски „Вембли“, а полуфиналните натпревари се закажани за 26 и 27 април.
Слични новости
Денвер загуби од Минесота по две продолженија и покрај 61 кош на Јокиќ
На 10 секунди пред крајот на второто продолжение, при водство на Денвер од 139:138 Минесота ја загуби топката , но во контранапад Вестбрук промаши слободно положување, а пред самиот истек на мечот направи фаул, што на крајот ја донесе победата на Минесота.
Реал по фантастичен натпревар избори финале на Купот
Фудбалерите на Реал Мадрид се првите финалисти на шпанскиот Куп на кралот откако во реванш натпреварот одиграа 4:4 против Реал Сосиедад и така ја сочуваа предноста од еден гол од првиот натпревар
МЛС му забрани на телохранителот на Меси на работ од теренот
Телохранителот на веројатно најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси, Јасин Чеуко, доби забрана да стои на самата линија на теренот за време на натпреварите