Манчестер Сити е последниот тим што стигна до полуфиналето на англискиот ФА Куп, победувајќи со 2:1 на гостувањето кај Борнмаут.

Откако Ерлинг Халанд промаши пенал за водство на Манчестер Сити во 14. минута, Борнмаут ја искористи предноста и поведе со голот на Еванилсон во 21. минута.

Халанд се извади за промашениот пенал во 49. минута, кога израмни на 1:1 на асистенција на Нико О’Рајли. Норвешкиот напаѓач поради повреда го напушти теренот во 61. минута, а неговата замена Омар Мармуш го одведе Сити во полуфиналето со голот во 63. минута, со уште една асистенција на О’Рајли.

Веднаш подоцна во недела беа извлечени полуфиналните двојки, а Манчестер Сити за пласман во финалето ќе игра против Нотингем Форест. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Кристал Палас и Астон Вила.

Двата меча ќе се играат на лондонски „Вембли“, а полуфиналните натпревари се закажани за 26 и 27 април.

globe

Слични новости

Манчестер Сити подолго време без Халанд

Манчестер Сити подолго време без Халанд

Манчестер Сити во понеделникот потврди дека 24-годишниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд ќе биде надвор од терените во поголемиот дел од тековната сезона, откако се здоби со повреда во четвртфиналето на ФА Купот