Пентагон планира да откупи критични минерали во вредност од милијарда долари во рамките на глобалното настојување да ја намали кинеската доминација на пазарот на метали кои се клучни за одбранбената индустрија, објави Фајненшал тајмс, повикувајќи се на документи на американската Агенција за логистика во одбраната.
Забрзаната набавка е дел од пошироката стратегија на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ги засили националните резерви, откако Кина воведе нови контроли на извозот на ретките земни метали и технологијата поврзана со нив.
Овие суровини кои се користат во производството на огромен број технологии, од паметни телефони до борбени авиони, Кина ги прогласи за стратегиски важни за националната безбедност.
Слични новости
Активноста во индустријата на еврозоната намалена во ноември
Производствената активност во еврозоната се намали во ноември, со слабеење на побарувачката, покажа месечното истражување на S&P Global објавено во понеделникот
Европските берзи во пад, претплазливост на азиските
Во понеделник претпладнето, првиот работен ден од декември, цените на акциите паднаа на европските берзи, откажувајќи се од дел од добивките од минатата седмица
Доларот oслабе, цените на нафтата пораснаа
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничка валути падна дополнително, откако минатата седмица се лизна за 0,7 отсто


