Пентагон планира да откупи критични минерали во вредност од милијарда долари во рамките на глобалното настојување да ја намали кинеската доминација на пазарот на метали кои се клучни за одбранбената индустрија, објави Фајненшал тајмс, повикувајќи се на документи на американската Агенција за логистика во одбраната.

Забрзаната набавка е дел од пошироката стратегија на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ги засили националните резерви, откако Кина воведе нови контроли на извозот на ретките земни метали и технологијата поврзана со нив.

Овие суровини кои се користат во производството на огромен број технологии, од паметни телефони до борбени авиони, Кина ги прогласи за стратегиски важни за националната безбедност.

Слични новости

Благ раст на европските берзи

Благ раст на европските берзи

На европските берзи, индексите пораснаа во претпладневното тргување во петокот, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во рударскиот сектор, додека инвеститорите внимателно чекаат нови податоци за инфлацијата во САД