Пентагон планира да откупи критични минерали во вредност од милијарда долари во рамките на глобалното настојување да ја намали кинеската доминација на пазарот на метали кои се клучни за одбранбената индустрија, објави Фајненшал тајмс, повикувајќи се на документи на американската Агенција за логистика во одбраната.

Забрзаната набавка е дел од пошироката стратегија на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ги засили националните резерви, откако Кина воведе нови контроли на извозот на ретките земни метали и технологијата поврзана со нив.

Овие суровини кои се користат во производството на огромен број технологии, од паметни телефони до борбени авиони, Кина ги прогласи за стратегиски важни за националната безбедност.

Слични новости

Третина од шпанските сертификати за извоз на свинско блокирани поради африканската чума

Третина од шпанските сертификати за извоз на свинско блокирани поради африканската чума

Околу една третина од шпанските сертификати за извоз на свинско месо е блокиран, откако избувна африканска чума кај свињите во Шпанија, за прв пат во последните 30 години, соопшти министерот за земјоделство на Шпанија Луис Пианас.