Доделувањето на престижните БАФТА награди во Лондон ќе биде во недела вечер, а на церемонијата на доделување на наградите, на сцената ќе бидат и Оскароваците Барјан Кранстон, Килиан Марфи, Мајкл Б Џордан, Глен Клоуз и Патрик Демпси.
Најмногу БАФТА номинации годинава има филмот „Една битка по друга“ 14, а зад него е „Грешници“ со 13.
„Марти Суприм“ доби 11 БАФТА номинации, а по 8 европскиот „Сентиментална вредност“ на Јоаким Трир и „Франкештајн“ на Гиљермо дел Торо.
Пет БАФТА номинации освои и филмот на грчкиот режисер Јоргос Лантимос „Бугониа“.
Слични новости
Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд
Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.
Вулканот Шивелуч на Камчатка два пати еруптираше во последните 24 часа
Вулканот Шивелуч на руското полуострово Камчатка еруптираше по втор пат во изминатите 24 часа и исфрли столб од пепел висок 8 километри, а облакот од пепел се прошири на радиус од 15 километри
Франција ги забранува социјалните мрежи за малолетници
Мозоците на нашите деца и на тинејџерите не се на продажба. Не може да се манупулира со нивните емоции, ниту со американските платформи, ниту со кинеските алгоритми, порача Макрон.

