Доделувањето на престижните БАФТА награди во Лондон ќе биде во недела вечер, а на церемонијата на доделување на наградите, на сцената ќе бидат и Оскароваците Барјан Кранстон, Килиан Марфи, Мајкл Б Џордан, Глен Клоуз и Патрик Демпси.

Најмногу БАФТА номинации годинава има филмот „Една битка по друга“ 14, а зад него е „Грешници“ со 13.

„Марти Суприм“ доби 11 БАФТА номинации, а по 8 европскиот „Сентиментална вредност“ на Јоаким Трир и „Франкештајн“ на Гиљермо дел Торо.

Пет БАФТА номинации освои и филмот на грчкиот режисер Јоргос Лантимос „Бугониа“.  

Слични новости

Пол Макартни најави нов албум

Пол Макартни најави нов албум

Легенадрниот басист на Битлси Пол макартни подготвува нов албум со наслов „The Boys of Dungeon Lane“. Албумот е создаден во соработка со продуцентот Ендру Вот и ќе биде објавен на 29 мај