Во фабриката Мирабел во близина на Салцбург, е произведена последната Моцарт кугла,а машините на фабриката престанаа со работа. Машините на фабриката биле распродадени на разни купувачи ширум светот, пренесе австрискиот портал Пулс 24.

Сопственикот на американскиот бренд Монделез ќе продолжи да ги произведува Мирабел Моцарт куглите, но не е познато каде. Фабриката во Салцбург се затвори поради долгови.

„Моцарт куглите“ ги измисли слаткарот од Салцбург Паул Фурст во 1890. Неговата слаткарница постои и ден денес, а сега веќе петтата генерација ги продава оригиналните слацбуршки Моцарт кугли.

 

Слични новости

Британските музичари објавија „албум на тишината“ во борбата за заштита на авторските права

Британските музичари објавија „албум на тишината“ во борбата за заштита на авторските права

Креативните индустрии на глобално ниво се борат со правните и етичките импликации на моделите на вештачка интелигенција кои можат да произведат сопствени резултати откако ќе бидат обучени на популарните дела