Даночните обврзници во текот на овој месец успешно ја исполнија својата обврска за плаќање на данокот на личен доход, социјалните придонеси и ДДВ, што е одраз на одговорни даночни обврзници и усогласеност со законските обврски, соопшти денеска Управата за јавни приходи.
Во однос на бруто – плата за месец ноември 2024 година, 70,650 работодавачи имале обврска да исплатат плати и социјални придонеси за 552,030 вработени лица, а како што наведува УЈП во законскиот рок до 16 декември, 49,911 или 71 отсто од работодавачите ја исполниле обврската и исплатиле бруто плати и социјални придонеси за 482,276 од вработените лица.

-Ова значи дека за 87 отсто од вработените во државата социјалните придонеси се уплатени навремено. Овој резултат покажува одговорност и посветеност на работодавачите со цел исполнување на даночните обврски на време, што има директен позитивен ефект и врз социјалната сигурност на работниците, се вели во соопштението.
Во однос на обврските за ДДВ, нагласува УЈП, 98,7 отсто од регистрираните месечни ДДВ обврзници навремено ги поднеле даночните пријави за месечниот период од 01 – 30/11/2024 година. Од вкупно 7,284 даночни обврзници, 4,025 во даночните пријави пријавиле даночен долг за ДДВ и имале обврска за уплатат 3,399,369,827 денари, од кои 70 отсто или 2,811 од даночните обврзници навремено ги исполниле своите обврски, при што уплатиле 78 отсто од вкупно пријавениот долг, односно уплатиле вкупно 2,652,711,966 денари.
За даночните обврзници кои не ги платиле даночните обврски во законскиот рок, се вели во соопштението, Управата за јавни приходи редовно постапува согласно дадените законски овластувања со мерки за глоба за неподнесена даночна пријава и присилна наплата на неплатениот даночен долг.
-Промовирајќи култура на позитивни односи со даночните обврзници, Управата претходно доставува известувања на сите кои задоцниле со потсетување доброволно да ги платат доспеаните даночни обврски, а потоа доставува опомени согласно закон и спроведува присилна наплата од парични средства на сметка во банка (блокада на сметка). Целта на Управата за јавни приходи е да постигне висок степен на навремено исполнување на даночните обврски како показател за ефикасно собирање на даночните приходи, заради што делува проактивно и превентивно пренесувајќи соодветни пораки до јавноста и до секој даночен обврзник, се вели во соопштението.
Слични новости
Македонско-турската стопанска комора донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани
Стопанската Комора на Македонија – Турција МАТТО и нејзините членки донираат 3 300 000 денари за поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани
Нови приведувања за пожарот во Кочани, состојбата на повредените стабилна
Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за пожарот во Кочани во кој починаа 59 млади лица, а 178 се повредени, продолжија продлжија синоќа со акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност. Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов
Доларот расте бидејќи Fed нема да брза да ги намали каматните стапки
На девизните пазари американскиот долар порасна во однос на главните светски валути во петокот, ден откако го забележа најдоброто остварување во последните три седмици, бидејќи централната банка на САД сигнализираше дека нема да брза со намалување на каматните стапки