Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека од вкупно  907 контроли согласно Законот за регистрирање готовински плаќања, кои ги спровела минатиот месец (од 1 до 30 ноември), кај  750 даночни обврзници не биле утврдени неправилности.

-Тоа покажува дека голем број даночни обврзници работеле во рамки на законските прописи. Сепак, кај 126 даночни обврзници УЈП  утврди неправилности, кои се однесуваат на различни прекршоци и издаде прекршочни платни налози, како и решенија за привремена забрана за вршење на дејност на дел од нив – информира Управата.

Како што наведува во соопштение, 93 глоби биле изречени за неиздавање фискални сметки за извршен промет на добра и услуги; 10 глоби за неводење или непоседување книга за дневни финансиски извештаи; 16 глоби за непоседување резервен фискален систем на опрема; четири глоби за непоседување одобрен фискален систем на опрема; две лоби за неиздавање парагон блокови и една глоба за неприкажување промет од македонски производи.

УЈП напоменува дека во овие случаи, „целта не е само санкција, туку укажување и поддршка во правилната примена на законот и даночно усогласување на обврзниците“.

-Дополнително, во рамките на  активностите во периодот на контролата беа констатирани три  случаи на нерегистрирана дејност. За три даночни обврзници дадена е препорака во однос на неможноста за скенирање фискални сметки од страна на купувачите со цел подобрување на нивното работење – се наведува во соопштението.

Управата за јавни приходи информира дека ќе продолжи со своите активности и „ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел  почитување на законските прописи“. Апелира до сите даночни обврзници да ги почитуваат законските обврски  да го регистрираат  готовинското плаќање, да издаваат фискални сметки.

-Даночните обврзници кои имаат потреба од помош во процесот на усогласување со законските обврски, може да се обратат директно во Управата за јавни приходи, каде ќе добијат поддршка и стручни совети за правилно спроведување на сите потребни процедури. Нашата цел е да обезбедиме помош и поддршка  за сите даночни обврзници да можат успешно да ги исполнат своите обврски и да бидат усогласени согласно со законите – соопшти УЈП. 

globe

Слични новости

Втор ден од посетата на Мицкоски на Брисел

Втор ден од посетата на Мицкоски на Брисел

Премиерот Христијан Мицкоски, кој од вчера престојува во посета на Брисел, денеска ќе учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) на кој главни теми ќе бидат подготовките за денешниот Европскиот совет и проширувањето на ЕУ.

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

На валутните пазари во четвртокот во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути силно порасна по пораките на американската централна банка и се приближи до највисокото ниво во последните две години

Волстрит нагло падна по пораката на Fed

Волстрит нагло падна по пораката на Fed

На Волстртит цените на акциите нагло паднаа во средата, при што индексот Dow Jones се лизна десетти ден со ред, откако челниците на американската централна банка порачаа дека треба да биде забавено темпото на намалување на каматните стапки