Остануваат уште четири дена до изборниот молк за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври. Политичките партии и коалиции интензивно ја продолжуваат својата теренска активност низ државата, со митинзи, средби со граѓани и прес-конференции во повеќе општини.
Она што станува сè поочигледно е заострувањето на реториката меѓу главните политички актери кои разменуваат обвинувања за криминал, нефункционални институции и злоупотреби на власта…
Лидерите во своите обраќања сè повеќе упатуваат директни критики кон политичките противници. Аналитичарите очекуваат дека последните денови од кампањата ќе бидат уште поинтензивни, со засилени пораки кон гласачите и зголемени политички тензии.
Слични новости
Филипче: „Пензискиот систем е доведен до колапс поради неспособноста на владата
Хаосот во пензискиот систем, неизвесноста околу зголемувањето на пензиите, па дури и ризикот од редовна исплата на пензии, е резултат на лошите политики, лагите и манипулациите на премиерот и Владата на ВМРО-ДПМНЕ
Претежно облачно и суво време до вторник, дожд и снег од среда
До вторник ќе биде претежно облачно и суво, а во среда ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Заради сообраќајна несреќа – целосно затворен магистралниот пат Куманово – Крива Паланка
Магистралниот пат Куманово–Крива Паланка од 8 часот и 30 минути утринава е целосно затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода што се случила утрово. Од полицијата апелираат возачите да користат алтернативни патни правци и да возат внимателно.


