Управата за хидрометеоролошки работи издаде метеоаларм, предупредувајќи дека денеска низ земјава се очекува нестабилно време со повремени врнежи од дожд и локална нестабилност.

Според прогнозата, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе се создадат услови за невреме проследено со појава на град.

Ќе дува умерен северен ветер, додека долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни при престој на отворено и да ги следат најновите временски информации поради можноста за брзи промени на временските услови.

 

Слични новости

Трамп: Ми се допаѓа идејата Ормутскиот теснец да се прогласи како територија на САД

Трамп: Ми се допаѓа идејата Ормутскиот теснец да се прогласи како територија на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му се допаѓа идејата Ормутскиот теснец кој се наоѓа меѓу Персискиот и Оманскиот залив да се прогласи како територија на САД, навдувајќи дека Америка веќе го контролира.