Според најновите податоци, речиси сите поголеми водотеци имаат значително повисоко ниво од просекот за февруари, а на некои мерни места порастот е повеќе од четирикратно во однос на вообичаените вредности.

Најсериозна е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде нивото достигнало 196 сантиметри, во споредба со февруарскиот просек од 49 сантиметри.

Вардар, најголемата македонска река, кај Јегуновце утрово се измерени 220 сантиметри, што е два и пол пати повеќе од нормалното ниво за овој период. Зголемено ниво на Вардар е регистрирано и кај Скопје, Велес и Демир Капија.

Пораст на нивото е забележан и на Црна Река кај Новаци, на Брегалница кај Берово, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Сатеска кај Ботун, како и на Црн Дрим кај Ложани.

 

Слични новости

Се зголемува поддршката за членство во ЕУ, повторно е над 70 проценти

Се зголемува поддршката за членство во ЕУ, повторно е над 70 проценти

Драстично зголемување на поддршката има кај етничките Македонци од дури 15 проценти, а таква промена е забележана и кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, па од 43 проценти во 2023, доколку утре има гласање за влез во ЕУ, „за“ би гласале 70 проценти од нив.