Според најновите податоци, речиси сите поголеми водотеци имаат значително повисоко ниво од просекот за февруари, а на некои мерни места порастот е повеќе од четирикратно во однос на вообичаените вредности.
Најсериозна е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде нивото достигнало 196 сантиметри, во споредба со февруарскиот просек од 49 сантиметри.
Вардар, најголемата македонска река, кај Јегуновце утрово се измерени 220 сантиметри, што е два и пол пати повеќе од нормалното ниво за овој период. Зголемено ниво на Вардар е регистрирано и кај Скопје, Велес и Демир Капија.
Пораст на нивото е забележан и на Црна Река кај Новаци, на Брегалница кај Берово, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Сатеска кај Ботун, како и на Црн Дрим кај Ложани.
Слични новости
АХВ: Уништени над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на 373 контроли спроведени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна
Муцунски: Над 60 проценти од кандидатите за амбасадори се професионални дипломати
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, рече дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи .
Законот за минимална плата од 600 евра пред пратениците
Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата поднесен од од пратеничката група на СДСМ и коалцијата, се предлага минималната плата во државава да изнесува 600 евра.


