Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово, во 5:35 часот, на граничниот премин Блаце, сам се пријавил поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница. Бајрами, како што информира МВР, е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.
Тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби е меѓу главните осомничени за злоупотреби направени во „Државна лотарија“. Покрај Груби и Бајрами, во случајот „Државна лотарија“, обвинети се и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.
На судењето што почна неделава сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авдиу, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
