Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово, во 5:35 часот, на граничниот премин Блаце, сам се пријавил поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница. Бајрами, како што информира МВР, е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.

Тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби е меѓу главните осомничени за злоупотреби направени во „Државна лотарија“. Покрај Груби и Бајрами, во случајот „Државна лотарија“, обвинети се и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

На судењето што почна неделава сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авдиу, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.

 

Слични новости

Урсула фон дер Лајен започнува тридневна турнеја низ Западен Балкан

Урсула фон дер Лајен започнува тридневна турнеја низ Западен Балкан

Првата станица од нејзината посета е Албанија, каде што пристигнува денеска. Во петок на 2 октомври, шефицата на Европската комисија ќе ја посети Македонија, а предходно е во Косово, Црна Гора. Овој пат, Србија и Босна и Херцеговина не се вклучени во планот на посетата.

СДСМ: Во тек е голема пљачка на Македонија

СДСМ: Во тек е голема пљачка на Македонија

СДСМ тврди дека „арамијата Мицкоски ја распродава Македонија и ја претвора во депонија за туѓи бизнис интереси“. Во тек е голема пљачка на Македонија!“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.