Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово, во 5:35 часот, на граничниот премин Блаце, сам се пријавил поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница. Бајрами, како што информира МВР, е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.
Тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби е меѓу главните осомничени за злоупотреби направени во „Државна лотарија“. Покрај Груби и Бајрами, во случајот „Државна лотарија“, обвинети се и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.
На судењето што почна неделава сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авдиу, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.
Слични новости
Пад на прометот на македонската берза
Прометот на македонската берза во септември изнесувал 402,3 милиони денари и бележи пад од 9,76 насто. Пазарната капитализација , пак, забележала пад од 2,35 насто.
По средбата Муцунски -Петрова во Софија нема приближување на ставовите меѓу Софија и Скопје
Билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија не се поместуваат и покрај средбата на министрите за надворешни работи на двете земји во Софија на иницијатива на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Денеска средба Муцунски-Петрова во Софија
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцински и неговата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова се очекува денеска да одржат средба во Софија


