Утре во рамки на 35. собраниска седница меѓу точките од дневниот ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење сметководствени работи. Предлог-законот треба да се донесе по скратена постапка, а ќе им овозможи на сметководителите кои се дисциплински казнети и привремено избришани од регистрите, да ги потпишат годишните сметки и/или финансиските извештаи за 2024 година.
Според текстот што го предлгаат пратеници од владејачкото мнозинство, неисполнетата обврска за континуирано професионално усовршување поради која се казнети, сметководителите ќе мора да ја завршат до 31 декември 2026 година.

Моментно на околу 3 300 сметководители им е изречена дисциплинска мерка „времено бришење од регистарот“, односно им е одземено правото на потпис на годишните сметки зашто не посетувале доволен број часови обука кај консалтинг куќите.
Согласно актуелниот Закон за вршење сметководствени работи, сметководителите и овластените сметководители за надградување на знаењето се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување. Сметководителите треба да имаат вкупно 90 часа обука, а овластените сметководители 120 часови обука. Поради непочитување на овие законски одредби, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) до 15 јануари 2025 година има донесено околу 3 300 решенија со кои им се изречени дисциплински мерки „времено бришење“ на сметководителите и овластените сметководители од соодветните регистри во времетраење од една година.
Сметководителите во четвртокот организираа протест пред Министерството за финансии на кој изнесоа повеќе барања, меѓу кои и најитно изнаоѓање решение за оние што се времено избришани од регистарот за да можат да ги потпишуваат годишните сметки, но и законски измени со кои на ИСОС ќе му се одземат или строго ограничат ингеренциите за контрола на квалитет.
На протестот неочекувано се појави и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која ги ислуша сметководителите и им порача дека предлог-законски измени за решавање на нивниот проблем се веќе во собраниска процедура. Таа и следниот ден, во петокот, на средба со раководството на Сојузот на стопански комори, одговорајќи на новинарски прашања, беше децидна дека сметководителите, иако имаат дисциплински мерки, ќе можат да ги потпишат завршните сметки за 2024 година, но потоа, потенцира, ќе мораат да ги завршат законски предвидените часови за професионална обука. Министерката најави и дека ќе се провери состојбата во ИСОС и доколку се утврдат какви било злоупотреби, како што обвинуваат сметководитечите, ќе се преземат соодветни мерки.
Слични новости
Мицкоски: Релациите во Владата се одлични, почната е и нема да запре процедурата за Коцевски и Судскиот совет
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека коалициското партнерство и релациите во Владата се одлични, иако има поединци кои понекогаш можеби сакаат, како што рече, малку да си го поткренат рејтингот
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска бара, во најкус можен рок Бирото за метрологија да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена и не била ставена во функција
СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи
Вицепремиерот Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а премиерот Христијан Мицкоски молчи, критикуваат во неделата од опозициската СДСМ