Утре се одржуваат парламентарни избори во Косово, а денеска гласаат избирачите во дијаспората. Право на глас имаат над два милиони граѓани, од кои над 100 000 гласаат во странство.

На изборите учествуваат 28 политички субјекти со 1.280 кандидати, кои ќе се натпреваруваат за 120 пратениќки места во Собранието, од кои 20 се резервирани за припадниците на малцинските заедници, од кои Србите имаат 10.

Изборите се соочување на партијата Самоопределување на актуелниот премиер Албин Курти и опозицијата која постојано жестоко го критикуваше заради нарушување на односите со стратегискиот партнер Америка и слабите економски резултати. Гласањето започнува во 07 наутро и ќе трае до 19 часот.

Слични новости

Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката

Протестот во Белград заврши со немири, Вучиќ порача дека ја разбрал пораката

Протестот „15 за 15“, за кој според опозициските медиуми бил еден од најголемите во историјата на Белград, заврши во саботата вечерта пред предвиденото по инцидентите во кои беа повредени 56 лица, 22 беа уапсени, а по првиот инцидент студентите се повлекоа и порачаа дека повеќе тоа не е студентски протест