Утре во Скопје ќе се одржи протестен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани.

Маршот ќе почне пред Oбвинителството во Скопје во 12 часот и 5 минути, како симболика за задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.

„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со „фати, па пушти“, без да има јасно образложение за таа законска процедура, и што се создава во нашите мисли кои се на работ на себеуништување“, се истакнува во писменото известување од семејствата.

Во повикот тие нагласуваат дека и понатаму ќе бараат одговори за насилната смрт на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на Македонија.

globe

Слични новости

Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро

Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро

Уставниот суд има потреба од закон за доуредуѕвање и статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро, порача претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, по отворањето на тркалезната маса

Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП годинава, а 2,5 во 2026. предвидува Светската банка

Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП годинава, а 2,5 во 2026. предвидува Светската банка

Раст од 2,6 проценти на македонската економија годинава, од 2,7 во 2026, а од 2,8 проценти во 2027 година, прогнозира Светска банка во денеска објавениот Редовен економски извештај за Западен Балкан

Средба со директорот за статистика на ММФ – Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Средба со директорот за статистика на ММФ – Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Беше нагласено дека Народната банка прибира, изготвува и објавува податоци според највисокиот статистички стандард СДДС плус на ММФ, транспарентно и навремено, во согласност со Календарот за објавување податоци