Уставниот суд денеска повторно ќе одлучува за одредби од Изборниот законик што го регулираат пристапот на политичките партии до платеното политичко рекламирање финансирано со јавни средства. Предметот се враќа на гласање откако на претходната седница предлогот не го добил потребното мнозинство.

Иницијативите се поднесени од Левица и партијата Демократи, а се оспоруваат членовите кои се однесуваат на распределбата на медиумскиот простор и јавните средства за платено политичко рекламирање меѓу учесниците на изборите.

Според Левица, сегашните правила овозможуваат најголемите партии од власта и опозицијата да имаат привилегиран пристап до медиумскиот простор и средствата од државниот буџет, додека други парламентарни партии може да останат без таква можност.

 

Слични новости

МВР и натаму не соопштува детали од истрагата за бегството на Ива Михаилова

МВР и натаму не соопштува детали од истрагата за бегството на Ива Михаилова

„Овој упад кој што е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши“ порача премиерот Мицкоски и додаде дека не смее да бидеме жртва на емотивни реакции.