Уставниот суд денеска соопшти дека „Поради поголем интерес на медиумите“, вчера расправал за предмет предложен од судијата-известител Добрила Кацарска, и самоиницијативно решил да поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалиското осигурување, објавен на 29.07.2025 година во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.154/25.
Според овој закон за измени и дополнувања (во јавноста познато како линеарно зголемување), односно со оспорениот член 2, правото на редовно месечно усогласување на пензиите пресметките направени врз основ на порастот на плати и трошоци на живот, се заменети со линеарна распределба на вкупниот износ на средства за сите прензионери подеднакво, без оглед на стекнатата и остварената висина на пензијата, стажот и уплатениот придонес, соопштува Уставен,
„Судот го имаше предвид фактот дека усогласувањето на пензиите е право на осигуреникот што му гарантира социјална сигурност во рамките на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се остварува и уставната гаранција за социјална сигурност на граѓаните.
Уставниот суд во оваа фаза од постапката изрази сомнеж дека оспорениот член 2 се нарушени уставните принципи за социјална праведност, еднаквост на граѓаните како и правната сигурност и легитимните очекувања како правни принципи. Имено, се постави прашањето дали оспорената одредба продуцира дискриминација по основ на износот на пензија и нееднаквост помеѓу примателите на пензии, односно оние пензионери кои имале подолг работен стаж, повисоки уплати во пензискиот систем и повисока основица, добиваат помало зголемување на пензиите, наспроти пензионерите со пониските пензии. Пензијата е стекнато имотно, индивидуално право и согласно член 30 од Уставот правото на сопственост е гарантирано и никому не може да му биде ограничено или одземено“, се вели во соопштението.
Дали ќе се укине линеарното зголемување, останува да се види.
Инаку, зголемувањето на пензиите се врши директно од буџетот, со владина одлука, и не го зафаќа основниот буџет и прилив на ПИОМ, кој ги прибира пензиските придонеси и ги исплаќа пензиите. Колку владината одлука за „покачување на пензиите“ ги прекршила уставните начела, останува да се види од овој гарант на правата на граѓаните и заедниците.
Слични новости
Собранието ја донесе Одлуката за прераспределба на 12,5 милијарди денари буџетски средства
Собранието попладнево, со 60 гласа „за“ и девет против, ја донесе Одлуката за прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.
Коцевски смета дека на Анкетната комисија не треба да се изнесуваат докази и искази за трагедиите
Во Собранието со 84 гласа „за“, беше донесена одлука за формирање на анкетна комисија која ќе ги опфати сите немили случаи и трагедии во кои изгубија живот 138 лица
Повторно затворен граничниот премин Евзони
Околу 14 часот по локално време грчките земјоделци одново го затворија граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја


