Уставниот суд утврди дека нема дискриминација во одлуката за разрешување на директор на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу од 28 јуни 2024 година.

Судијката Ана Павловска Данева, на прес-конференција, појасни дека како Суд утврдиле дека нема дискриминираност по полова и политичка основа.

„Судот едногласно одлучи дека нема ниту полова, ниту политичка дискриминација во одлуката за негово разрешување од претседателката Гордана Силјановска Давкова“, изјави Павловска Данева.

Во поглед на политичка дискриминација, Судот, како што посочи Павловска Данева, констатира дека директор на Агенцијата не бил, ниту смеел да биде член на политичка партија, исто како и претседателот кој ја донел одлуката за негово разрешување.

Во однос на половата дискриминација, Павловска Данева, појасни дека изјавите на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во кампања дека жените треба да бидат повеќе застапени на највисоките функции, сама од себе не може да биде основа за дискриминација.

„Ние како Суд утврдивме дека тука нема дискриминацијам бидејќи самите изјави на Претседателката не претставуваат доказ дека некој е дискриминиран и дека заложбата за поголема застапеност на жените на високи функции е заложба на секој еден граѓанин“, рече Павловска Данева.

Од наводите во барањето, подносителот наведува дека е дискриминиран по основ на пол и на политичка припадност, во врска со членот 9 од Уставот.

Во барањето е наведено дека оспорената Одлука не содржи никакво образложение од кое може да се утврди дека е разрешен поради нестручно и несовесно извршување на функцијата, како што официјално било наведено во Одлуката.

Подносителот наведува неколку медиумски објави со кои „укажува дека Претседателот на Република Северна Македонија од моментот на стапувањето на функција до моментот на донесување на спорните одлуки, остварува информативни средби со други раководни лица, заобиколувајќи го него како раководител на Агенцијата за разузнавање“.

Подносителот наведува дека политичката дискриминација е вршена, меѓудругото, и на начин што одредени лица од политичка партија најавуваат кадровски смени и ново раководство иако немаат надлежност за тоа.

Во врска со дискриминацијата по основ на пол, наведено е дека Претседателот на Републиката го разрешува поради фактот што е маж, а во едно интервју има изјавено дека треба да се внимава на застапеноста на жените на највисоките функции.

globe

Слични новости

Приведен поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески

Приведен поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Пеце Мирчески вечерва е приведен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Финансиската полиција му отвори истрага за сторени кривични дела примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата извршени за време додека бил директор

Муртезани – Кос: Подготвеност за продолжување на конструктивниот дијалог и ангажман со сите партнери за осигурување на успешен пат кон членството во ЕУ

Муртезани – Кос: Подготвеност за продолжување на конструктивниот дијалог и ангажман со сите партнери за осигурување на успешен пат кон членството во ЕУ

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, дводневната работна посета на Брисел ја заокружи со средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на која во фокусот на разговорот биле реформските напори на земјата во контекст на европското досие и Планот за раст на Западен Балкан.

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната седница појасни дека компаниите сега ќе можат во рок од пет години, доколку сметаат дека им биле повредени правата, да бараат да им бидат вратени парите