По најавата од собраниската говорница за интерпелација на уставни судии и официјално стигна уште една најава од параламентарната група на Европски фронт. Причната е Законот за употреба на јазици.
Од Уставниот суд пак реагираат дека Уставот не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт. Во продолжение реакцијата од Уставниот суд.
„Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, не подлежи на начелото на поделба на власта. Уставотворецот го поставил Уставниот суд над трите власти затоа што тој е контролор на нивните постапки акти и дејствија.

Самостојноста и независноста на Уставниот суд и уставните судии имаат најсилна уставна гаранција.
Уставот не му дозволува на Собранието на Република Северна Македонија со законски решенија на било кој начин да влијае на надлежностите, начинот на избор, престанокот на функцијата на уставните судии. Овластувањето на Собранието завршува со моментот на избор на уставните судии.
Институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии. Во спротивно, се губи смислата на Уставниот суд и се прави тешка повреда на Уставот од причина што на тој начин се прави упад во четвртата т.н.уставно-судска власт, во самостојноста и во независноста на Уставниот суд.
Основите за престанок на функцијата уставен судија се предвидени во членот 111 од Уставот. Секоја постапка или дејствие преземено надвор од оваа уставна одредба би претставувало грубо кршење на Уставот, повреда на уставните гаранции за самостојноста и независноста на Уставниот суд.
Уставниот суд укажува, до сите државни органи, дека се должни да се придржуваат на, со Устав утврдените надлежности, бидејќи никој нема повеќе права од оние коишто Уставот му ги доделува. Секој е должен да ја унапредува уставната, правната и политичата култура како основи на едно демкратско општество.
Секој е должен да го почитува Уставот“, велат од судот.
Слични новости
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово 15 l/m2, а најмалку 1 литар на метар квадратен во Претор, Струмица, Гевгелија, Берово, Тополчани
Судењето за убиството на Ѓорчевска и Жежовски продолжува на 17. март
Судењето за убиството на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и седумдесетгодишниот велешанец Панче Жежовски продолжува во понеделник откако денеска во Основен кривичен суд Скопје беше сослушан Велибор Манев, еден од обвинетите
Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, вели Рокас, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци
Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“