Овој неофеудален систем се очитува во денешниот незапамтен пораст на глобална нееднаквост. Од 80-те нееднаквоста на приходите, нагло е зголемена ширум светот. Тој тренд се забележува во речиси сите водечки индистријализирани земји и главните пазари во настанување, кои заедно претставуваат две третини од светската популација.
Донеодамна авторитарните режими како оние во Русија и Кина беа сметани за плутократски. Добро е познато дека во владата на Путин доминираат моќни олигарси како Јури Ковалчук, Генадиј Тимченко и браќата Ротенберг. И Комунистичката партија овозможи процут на капиталисти и сега има дури 1.000 познати милијардери во таа држава.
Но, денеска либерално-демократските држави се тие што се повеќе го попримаат ова плутократско обележје. Најновиот пример е новата администрација на Доналд Трамп во САД. Неговиот кабинет на милијардери го сочинуваат Илон Маск, Хауард Лутник, Вивек Рамасвами и неколкумина други. Маск треба да биде именуван за шеф на новиот оддел за ефикасност на владата, кој ќе има за цел да се намали трошењето пари на владата за околу 2.000 милијарди долари и да ја намали „претераната“ државна регулација.
Слични потези се случуваа и во Индија под владата на Нарендра Моди, која имаше собрано шака тајкуни чија цел беше промоција на политиките „погодни за бизнис“ и натамошна неолиберализација на економијата.
Таков пресврт во полза на милијардерите се повторува и во неколку други либерални демократии ширум светот, вклучувајќи ги и Бразил, Јужна Кореја, Тајван и Турција.
Како да се разбере овој глобален премин кон плутократијата во кој олигарсите милијардери не само што имаат контрола врз економијата, туку, како што порано не беше случај, доминираат и со политиката ?
Важното објаснување лежи во тоа што некои аналитичари го гледаат како структурална промена во глобалната економија од неолиберализмот, која им дава предност на механизмите на слободниот пазар како начин на решавање на економските и социјалните проблеми, кон неофеудализам. Тоа е време на екстремни нееднаквости во кој растечката поткласа им служи на потребите на грст мега богати.
Овој неофеудален систем се очитува во денешниот незапамтен пораст на глобална нееднаквост. Од 80-те нееднаквоста на приходите, нагло е зголемена ширум светот. Тој тренд се забележува во речиси сите водечки индистријализирани земји и главните пазари во настанување, кои заедно претставуваат две третини од светската популација. Зголемувањето е посебно изразено во САД, Индија, Кина, Бразил и Русија, токму во оние земји во кои владее плутократијата. Во Индија јазот меѓу богатите и сиромашните сега е поголем отколку во времето на британското колонијално владеење.
Токму потребата да се осигураат поволни даночни и инвестициски политики и потребата да се продолжи да се создава огромен профит, помагаат да се објасни се поголемата вклученост на бизнис тајкуни во денешните влади. Тие се претставуваат како луѓе од народот, но нивните политики се усмерени главно на зголемување на корпоративните профити и намалување на даноците, заштита на домашната индустрија загрозена со странска конкуренција и укинување на владините еколошки и инвестициски прописи за кои сметаат дека им стојат на патот.
Неофеудалнара економија и нејзините политики отстапуваат од неолиберализмот во поголемиот степен на принуда и создавање на порано незамисливи профити кои го овозможија успонот на глобалните милијардери. Таквиот авторитаризам е потребен за да се обезбеди ефтина работна сила чија работа е незаштитена и за да се сведе на минимум државниот надзор и регулацијата на економијата.
Но, ако неофеудализмот е навистина начинот на кој денес функционира светот, ако плутократијата на милијардерите е во пораст, тоа значи дека либералните демократии се повеќе одат кон авторитарни облици на владеење. Се чини дека неофеудалното водство е она што им треба на нашите „гиг“ економии и економијата на платформите.
Дали тоа значи дека авторитарниот капитализам на Русија и Кина можеби не претставува исклучок, туку иднина на либералната демократија?
Илан Капур, професор на Универзитетот во Торонто
Слични новости
Рекордно жешката 2024., првата што го надмина прагот на затоплување од 1,5 степени Целзиусови
Минатата година беше најтоплата досега забележана и прва што го надмина клучниот праг на глобалното затоплување од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури, велат научниците
Зошто Трамп го сака Гренланд и што мислат за тоа Гренланѓаните
Америка во повеќе наврати се обиде да ги набрка Данците од Гренланд и да го преземе како дел од Америка. Трамп, исто така, се обиде да го купи Гренланд за време на неговиот прв мандат. Данска и владата на Гренланд ја отфрлија неговата понуда и му порачаа дека „Гренланд не е на продажба“.
Кој е Џозеф Аоун новиот претседател на Либан
Командантот на либанската војска Џозеф Аоун стана нов претседател на Либан. Тој стана 14 претседател на Либан, по вакуум на претседателската позиција повеќе од две години.