Вчерашниот бојот на супермаркетите во Црна Гора беше многу успешен, а во супермаркетите во Подгорица вчера речиси и да немаше купувачи, објавуваат црноготрските медиуми.

Организаторите на бојкотот порачаа дека ќе продолжат со акцијата и дека е можно следната недела да спојат три дена бојкот-петок, сабота и недела.

Алтернатива Црна Гора оцени дека цените во Црна Гора се енормно високи, а дека водечките трговски синџири со меѓусебен договор пресудно влијаеле на формирањето на високите цени.

Бојкотот во Црна Гора го поддржа и премиерот Милојко Спајиќ кој ги повика трговците на коректен однос кон потрошувачите.

Слични новости