Украинскиот шампион во тешка категорија Олександар Усик ја одбрани светската титула победувајќи го британскиот боксер Тајсон Фјури на поени во Ријад. Украинецот, така, ги задржа појасите на ВБЦ, ВБА и ВБО, а победи со 116-112 при бодувањето на сите тројца судии.
Усик го победи Фјури со одлука на судиите во мај и го додаде светскиот шампионски појас на ВБЦ на појасите на ВБА, ВБО и ИБФ. Така, по четвртина век стана првиот светски шампион во сите големи светски боксерски асоцијации. Последен пат тоа му успеа на Ленокс Луис во 2000 година, а пред тоа легендарните Мухамед Али, Џо Луис и Мајк Тајсон.
Усик го контролираше најголемиот дел од реваншот во Ријад и беше поактивен во 12-те рунди, влегувајќи во борби почесто и со посилни удари. Така, триесет иседумгодишниот Усик остана непоразен по 23 меча, од кои на 14 победи со нокаут, додека Британецот го претрпе вториот пораз во кариерата и двата од Усик.
„Фјури е исклучителен боксер, имаме одлична борба зад нас. Но, јас сум исклучително среќен, зад мене имам серија исклучителни борби и одлична кариера“, изјави Усик.
Фјури по мечот инсистираше дека Усик добил предвремен божикен подарок и ја оспори едногласната победа на Украинецот во поени.
„Почувствував малку божиќен дух и мислам дека доби малку подарок од судиите. Рано божижен подарок“, рече Фјури, кој ја загуби првата борба со Украинецот со поделена одлука на судиите во мај.
„Бев уверен дека победив во таа борба. Мислам дека ги добив двете борби, но дома си одам со два пораза. Секогаш ќе верувам до денот кога ќе умрам дека ја добив таа борба“, додаде Британецот.
Слични новости
Атлетико со два напада ја реши Барса на „Монжуик“
Oва е веќе трет последователен пораз на Барселона на „Олимпискиот стадион“, од кој пред Атлетико бодови земаа екипите од долниот дел на табелата Лас Палмас и Леганес
Арсенал постигна пет голови на гостувањето кај Кристал палас, Сити продолжува со порази
Со победата Арсенал се искачи на третата позиција на табелата на Премиер лигата со 33 бодови, три бода помалку од лидерот Ливерпул, но и два натпревари повеќе.
Германскиот Суперкуп ќе го носи името на Франц Бекенбауер
Германскиот фудбалски Суперкуп од следната година ќе го носи името на Франц Бекенбауер, соопшти синоќа германската фудбалска лига.