Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, има за цел да го поедностави пазарот на капитал во Европската унија за да ја намали фрагментацијата и да ја поттикне конкурентноста, дури и ако не се сите 27 членки на блокот согласни со тоа.
-„Тука во Европа, немаме само 27 различни финансиски системи, секој со свој супервизор. Туку имаме и повеќе од 300 места за тргување низ нашата Унија“, им порача денеска Фон Дер Лајен на пратениците во ЕУ.
Тоа е фрагментација на стероиди. Потребен ни е еден голем, длабок и ликвиден пазар на капитал, изјави таа во Стразбур.
Наспроти тоа, таа истакна дека Соединетите Американски Држави имаат „еден финансиски систем, еден пазар на капитал и неколку други финансиски центри“.
„Мораме да напредуваме, на еден или на друг начин, за да ги урнеме бариерите што нè спречуваат да бидеме вистински глобален гигант“, додаде Фон Дер Лајен.
Сепак, хармонизирањето на финансиските правила во Европа се покажа како тешко во минатото.
Слични новости
„Шел“ предупредува дека Европа би можела да има недостиг од гориво веќе следниот месец
На Европа би можела да ѝ се закани недостиг на гориво уште следниот месец поради продлабочувањето на кризата на Блискиот Исток, предупреди шефот на „Шел“, Ваел Саван, пренесува британски Телеграф.
Цената на нафтата Брент денеска под 100 долари за барел
Според податоците на берзата, цената на сировата нафта падна за 6,02 насто на 86,77 долари по барел, а цената на нафтата Брент падна за 5,82 насто на 97,72 долари.
Приватниот сектор во еврозоната забави во март, пазарите веќе го вклакулираа порастот на каматите
Бизнис активноста во приватниот сектор на еврозоната во март е најбавна во изминатите десет месеци, бидејќи војната на Блискиот исток ги зголемува инфлаторните притисоци и го загрозува економското заздравување во Европа.


