Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, има за цел да го поедностави пазарот на капитал во Европската унија за да ја намали фрагментацијата и да ја поттикне конкурентноста, дури и ако не се сите 27 членки на блокот согласни со тоа.
-„Тука во Европа, немаме само 27 различни финансиски системи, секој со свој супервизор. Туку имаме и повеќе од 300 места за тргување низ нашата Унија“, им порача денеска Фон Дер Лајен на пратениците во ЕУ.
Тоа е фрагментација на стероиди. Потребен ни е еден голем, длабок и ликвиден пазар на капитал, изјави таа во Стразбур.
Наспроти тоа, таа истакна дека Соединетите Американски Држави имаат „еден финансиски систем, еден пазар на капитал и неколку други финансиски центри“.
„Мораме да напредуваме, на еден или на друг начин, за да ги урнеме бариерите што нè спречуваат да бидеме вистински глобален гигант“, додаде Фон Дер Лајен.
Сепак, хармонизирањето на финансиските правила во Европа се покажа како тешко во минатото.
Слични новости
Невработеноста во еврозоната благо порасна на 6,2 насто
На годишно ниво бројот на невработеноста во однос на февруари 2025 е падната за 124.000 луѓе. Најголема стапка на невработеност има клај младите и таа изнесува 14,9 насто.
Просечната нето заработувачка во Црна Гора во февруари 1.025 евра
Просечната нето заработувачка во Црна Гора во месец февруари изнесуваше 1.025 евра, а највисоките плати се забележани во финансиските дејсности и осигурувањето.
Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел
Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.


