Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, има за цел да го поедностави пазарот на капитал во Европската унија за да ја намали фрагментацијата и да ја поттикне конкурентноста, дури и ако не се сите 27 членки на блокот согласни со тоа.

-„Тука во Европа, немаме само 27 различни финансиски системи, секој со свој супервизор. Туку имаме и повеќе од 300 места за тргување низ нашата Унија“, им порача денеска Фон Дер Лајен на пратениците во ЕУ.

Тоа е фрагментација на стероиди. Потребен ни е еден голем, длабок и ликвиден пазар на капитал, изјави таа во Стразбур.

Наспроти тоа, таа истакна дека Соединетите Американски Држави имаат „еден финансиски систем, еден пазар на капитал и неколку други финансиски центри“.

„Мораме да напредуваме, на еден или на друг начин, за да ги урнеме бариерите што нè спречуваат да бидеме вистински глобален гигант“, додаде Фон Дер Лајен.

Сепак, хармонизирањето на финансиските правила во Европа се покажа како тешко во минатото.

Слични новости

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цените на нафтата растат по обраќањето на Трамп до Американците

Цената на нафтата Брент повторно скокна и стигна до 107 долари по барел, што е раст повисок од 5 проценти во однос на вчерашниот ден, неколку часа откако американскиот претседател најави брзо завршување на војната со Иран