На листата на 100 најмоќни жени во светот за 2025 година на угледниот американски магазин Форбс на прво место е претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во образложението на уредничкиот колегиум се наведува дека таа е првата жена на оваа позиција која е одговорна за законодавството и владата на 450 милиони Европјани.

На второ место на листата е претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, а на третото место е јапонската премиерка Санае Такаичи, која е прва премиерка во историјата на Јапонија.

На листата се и некои славни личности, како пејачката Тејлор Свифт и водителката Опра Винфри.

Слични новости

Концерт на Влатко Стефановски во Белград

Концерт на Влатко Стефановски во Белград

Влатко Стефановски во неговата кариера која трае половина век, со групата „Леб и сол“, но и со соло настапите, се покажа како извонреден инструменталист, пишува белградска „Политика“.

Снуп Дог го води тимот на САД на ЗОИ 2026

Снуп Дог го води тимот на САД на ЗОИ 2026

Раперот и забавувач, 54-годишниот Снуп Дог дефинитивно е именуван за почесен водач на американскиот национален тим за Зимските олимписки и параолимписки игри што ќе се одржат во Милано и Кортина д’Ампецо