Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, започнува тридневна турнеја низ Западен Балкан. Првата станица од нејзината посета е Албанија, каде што пристигнува денеска.
Во петок на 2 октомври, шефицата на Европската комисија ќе ја посети Македонија, а предходно е во Косово, Црна Гора. Овој пат, Србија и Босна и Херцеговина не се вклучени во планот на посетата.
Албанија постигнува историски напредок на патот кон ЕУ: земјата ги затвора првите преговарачки поглавја.
Во Тирана, Фон дер Лајен ќе одржи разговори со албанскиот претседател Бајрам Бегај и со премиерот Еди Рама. Нејзината агенда вклучува и посети на проекти спроведени со европски средства, иако деталите за нив сè уште не се објавени.
Клучен фокус на разговорите ќе бидат европската интеграција на Албанија и следните чекори во преговарачкиот процес. Се очекува да се разговара и за постепената интеграција на земјите од Западен Балкан во единствениот европски пазар, како и за спроведувањето на Планот за раст за регионот.
Слични новости
Загина фудбалерот Даниел Николовски
Во раните утрински часови денеска, во сообраќајна несреќа, животот го загуби младиот фудбалер Даниел Николовски (21). Николовски бил дел од младинските категории на Тетекс, а љубовта кон клубот ја продолжил и во сениорскиот тим.
Намален бројот на одобренија за градба
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 995 108 илјади денари, што е за 74.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
За прославата за независноста – 5,53 милиони евра чинеле манифестациите од сметката на Државна лотарија и донации од фирми
Владата во април годинава донела одлука да ја задолжи Државната лотарија, нераспределената добивка од 2024 година од 300 милиони денари, да ја намени за спонзорирање на прославата. Владината портпаролка инсистира дека тоа не се буџетски пари, иако Лотарија е во целосна државна сопственост.


