Францускиот фудбалер Дајо Упамекано го продолжи договорот со Барен од Минхен до 30 јуни 2030-татата година, соопшти клубот од Баварија. Упамекано (27) стигна во Баерн Минехн од Јајпциг во 2021 и досега освои три титули со Баерн и три Суперкупа на Германија.
Упамекано порача дека е среќен што го продолжува договорот со Баерн и дека има големи цели со клубот.
Францускиот штопер игра и за репрезентацијата за Франција за која има забележано 35 настапи и со која ја освои Лигата на нациите во 2021, а играше и во финалето на Светското првенство во фудбал во 2022, кога Франција загуби од Аргентина.
Слични новости
ЛА Клиперс го разменија Џејмс Харден за Дариус Граланд од Кливленд
НБА лигата и официјално ја потврди размената меѓу ЛА Клиперс и Кливленд со која Џејмс Харден го засилува Кливленд во обидот да се бори за шампоионска титула.
Понижување за Рахим Стерлинг пред истекот на преодниот рок
Челси им го понудиле Стерлинг на Унион Берлин, но Бундеслигашот не покажал интересирање на некогашниот англиски репрезентативец.
Хјустон ја победи Индијана со одлична партија на Шенгун
Хјустон Рокетс ја совладаа Индијана без Кевин Дурант, а товарот го презеде центарот Алперен Шенгун кој постигна 39 коша и имаше 16 скокови.