Соработката меѓу францускиот стопер Дајо Упамекано и Баерн од Минхен најверојатно ќе заврши на крајот од сезоната, пишуваат германските медиуми. Еден од столбовите на одбраната на германскиот шампион влегува во последните шест месеци од договорот со Баерн и во моментов многу поголеми се шансите тој да замине од клубот, отколку да го продолжи договорот.

Упамекано бара годишна плата од 16 милиониу евра, а управата на Баерн не е подготвена да ги прифати овие услови. За Упамекано се заинтересирани Реал Мадрид и Париз Сен Жермен.

Од друга страна Баерн сака да го доведе стоперот на Кристал Палас Марк Гуехи, чија откупна клаузула е 60 милиони евра, а за Гуеги интерес покажува и Ливерпул.

Слични новости

Панатинаикос го победи Фенербахче во Истанбул

Панатинаикос го победи Фенербахче во Истанбул

Во 16-тото коло од Евролигата се одигра дербито во Истанбул каде што Панатинаикос како гостин го победи Фенербахче со резултат 81:77. Мечот беше тврд и драматичен од почетокот до крајот на натпреварот.