Израелски борбени авиони бомбардираа најмалку три од главните воени воздухопловни бази во Сирија, во кои беа сместени десетици хеликоптери и авиони, во најголемиот бран напади откако беше соборен Башар ал Асад, изјавиле два сириски безбедносни извора за Reuters.
Погодени се воздушната база Камишли во североисточна Сирија, воздухопловната база Шиншар во близина на Хомс и аеродромот Акрба југозападно од главниот град Дамаск, рекле изворите.
Биле изведен и неколку напади врз истражувачки центар во предградијата на Дамаск и центар за електронско војување во близина на областа Саједа Заинаб во главниот град.
Израел во понеделникот пред Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека презел „ограничени и привремени мерки“ во демилитаризираната зона што граничи со Сирија за да се спротивстави на какви и да се закани.
„Важно е да се нагласи дека Израел не интервенира во тековниот конфликт меѓу сириските вооружени групи, нашите акции се единствено фокусирани на зачувување на нашата безбедност“, напиша израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон во писмото до Советот.
Наведе и дека Израел останува посветен на рамката на Договорот за раздвојување од 1974 година.
Израелските власти во понеделникот рекоа дека Израел ќе ги засили воздушните напади врз сириските магацини за тешко стратешко оружје, додавајќи дека ќе одржи „ограничено“ присуство на војници на теренот и се надева дека ќе спречи каква било закана што може да се појави како резултат на соборувањето на претседателот Башар ал-Асад.
Слични новости
Русија го уапси атентаторот на генерал Кирилов
Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека денекса е уапсен осомничениот за терористичкиот напад во кој беше убиен начелникот на руската...
На Мајот стравуваат од „десетици илјади“ можни жртви на циклонот
Три дена откако циклонот Шидо ја погоди француската прекуморска територија во Источна Африка, службите за итни случаи не регистрираа многу повреди, поради што стравуваат од најлошото
Илон Маск и неговата компанија под безбедносни проверки
Воздухопловните сили неодамна ги навеле потенцијалните безбедносни ризици како причина поради која му ускратиле на Маск безбедносен пристап на највисоко ниво