Детскиот фонд на Обединетите Нации УНИЦЕФ денеска соопшти дека во Газа еден милион деца се мачат за да преживеат и немаат доволно чиста вода за пиење.

„Стотици илјади деца немаат чиста вода ниту основни услови за хигиена, а еден милион не ги задоволуваат основните потреби и се мачат за да преживеат“ изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ во Газа Едуард Бајгбејдер. Според неговите зборови, водата е основно човеково прао и никому не смее да биде ускратена.

УНИЦЕФ додаде дека ситуацијата во Газа е ужасна и дека е неопходно да се дозволи да се испорача барем малку вода и струја во енклавата, за да се спасат животите на децата. На почетокот на март Израел ја прекина испораката на електрична енергија за Газа.

Слични новости

Нова рунда руско-украински разговори

Нова рунда руско-украински разговори

Претставници на Русија и Украина ќе се сретнат повторно во Истанбул во понеделникот за да преговараат за можни начини за завршување на војната, а изгледите за завршување на војната предизвикана од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година изгледаат далечни

Велика Британија се подготвува за директен воен судир, Русија и Кина означени како главни закани

Велика Британија се подготвува за директен воен судир, Русија и Кина означени како главни закани

Се очекува 1,5 милијарди фунти да бидат издвоени за изградба на шест нови фабрики за муниција, а Лондон ќе инвестира 6 милијарди фунти за производство на оружје од голем дострел, вклучувајќи ги и ракетите „Сторм Шедоу“.

Конзервативниот историчар победи на претседателските избори во Полска

Конзервативниот историчар победи на претседателските избори во Полска

Тоа беше сензационален пресврт во однос на резултатот од првата излезна анкета, објавена веднаш по затворањето на гласањето во 21 часот по локално време во неделата, која покажа дека Тршаковски победил