
Детскиот фонд на Обединетите Нации УНИЦЕФ денеска соопшти дека во Газа еден милион деца се мачат за да преживеат и немаат доволно чиста вода за пиење.
„Стотици илјади деца немаат чиста вода ниту основни услови за хигиена, а еден милион не ги задоволуваат основните потреби и се мачат за да преживеат“ изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ во Газа Едуард Бајгбејдер. Според неговите зборови, водата е основно човеково прао и никому не смее да биде ускратена.
УНИЦЕФ додаде дека ситуацијата во Газа е ужасна и дека е неопходно да се дозволи да се испорача барем малку вода и струја во енклавата, за да се спасат животите на децата. На почетокот на март Израел ја прекина испораката на електрична енергија за Газа.
Слични новости
Поразот на Украина може да доведе до распад на земјата и граѓанска војна
Како што се наведува, украинската војска би можела да се подели на групи, од кои едни ќе продолжат да се борат против Русија, други ќе се предадат, а третите ќе бараат спас во соработка со Русија и ќе се борат против првите
Вдовицата на Алексеј Навални отвора телевизија за слобода на медиумите во Русија
Вдовицата на најпознатиот руски опозиционер Алексеј Навални, Јулија Навални, ќе започне телевизиска програма од Париз, заедно со невладината организација „Репортери без граници“
Израел го обвини Макрон дека води крстоносна војна против еврејската држава
Израел денеска го обвини францускиот претседател Емануел Макрон дека започнал „крстоносна војна против еврејската држава“ откако Макрон ги повика европските земји да го заострат својот став кон Израел во врска со ситуацијата во Појасот Газа.