Детскиот фонд на Обединетите Нации УНИЦЕФ денеска соопшти дека во Газа еден милион деца се мачат за да преживеат и немаат доволно чиста вода за пиење.

„Стотици илјади деца немаат чиста вода ниту основни услови за хигиена, а еден милион не ги задоволуваат основните потреби и се мачат за да преживеат“ изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ во Газа Едуард Бајгбејдер. Според неговите зборови, водата е основно човеково прао и никому не смее да биде ускратена.

УНИЦЕФ додаде дека ситуацијата во Газа е ужасна и дека е неопходно да се дозволи да се испорача барем малку вода и струја во енклавата, за да се спасат животите на децата. На почетокот на март Израел ја прекина испораката на електрична енергија за Газа.

Слични новости

Намерното ограничување на храната во Газа може да претставува воено злосторство, предупредува ОН

Намерното ограничување на храната во Газа може да претставува воено злосторство, предупредува ОН

Агенцијата за човекови права на Обединетите нации во вторникот соопшти дека намерното спречување на пристапот до храна и помош за цивилите во палестинската енклава Појасот Газа може да претставува воено злосторство

Земјотрес со сила од 5,8 степени според Рихтер ја погоди Турција

Земјотрес со сила од 5,8 степени според Рихтер ја погоди Турција

Земјотрес со силина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди ноќеска медитеранскиот брег на Турција, особено градот Мармарис, соопшти турската агенција за управување со катастрофи и вонредни ситуации.