Детскиот фонд на Обединетите Нации УНИЦЕФ денеска соопшти дека во Газа еден милион деца се мачат за да преживеат и немаат доволно чиста вода за пиење.

„Стотици илјади деца немаат чиста вода ниту основни услови за хигиена, а еден милион не ги задоволуваат основните потреби и се мачат за да преживеат“ изјави регионалниот директор на УНИЦЕФ во Газа Едуард Бајгбејдер. Според неговите зборови, водата е основно човеково прао и никому не смее да биде ускратена.

УНИЦЕФ додаде дека ситуацијата во Газа е ужасна и дека е неопходно да се дозволи да се испорача барем малку вода и струја во енклавата, за да се спасат животите на децата. На почетокот на март Израел ја прекина испораката на електрична енергија за Газа.

Слични новости

Министрите на ЕУ разговараат за нов план за воена помош за Киев вреден милијарди евра

Министрите на ЕУ разговараат за нов план за воена помош за Киев вреден милијарди евра

Министрите за надворешни работи на Европската унија треба да се состанат во понеделник за да разговараат за нова иницијатива која би можела да обезбеди милијарди евра дополнителна воена помош за Украина