Портпаролката на Уницеф Тес Инграм изјави дека повеќе од милион деца во Појасот Газа и натаму се без храна и вода и дека стотици илјади деца во Газа секоја ноќ легнуваат гладни и покрај спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Инграм објасни дека околу 650 000 деца треба да се вратат во училиштата и нагласи дека прекинот на војната е добра вест, затоа што значи крај на секојдневните бомбардирања што ги убиваше децата, но не е доволен за да стави крај на гладта во Газа или да им обезбеди на семејствата пристап до чиста вода за пиење.

УНИЦЕФ проценува дека химанитарната помош која пристигнува во Газа е зголемена за време на првата недела по примирјето, но и натаму е ужасно недоволна.

Слични новости

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков