Студиото Универзал е во фаза на продукција на четврто продолжение на успешната франшиза „Запознај ги родителите“.
Сценарист на филмот е Џон Хамбург и тој најверојатно ќе биде и режисер на проектот во кој оригиналните улоги ги толкуваа Бен Стилер и Роберт Де Ниро. Хамбруг работеше на оригиналниот филм од 2000, како и на другите две продолженија.

Првиот филм „Запознај ги родителите“ од 2000-та година е фокусиран на Бен Стилер кој има проблеми да ја стекне довербата на таткото на неговата девојка кого го игра Роберт Де Ниро, а кој е пензиониран шпион на ЦИА.
Филмот имаше огромен успех и заработи 330 милиони долари, а второто продолжение од 2004 во кое играа и Дастин Хофман и Барбара Стрејсенд беше уште поголем хит и заработи 522 милиони долари.
Продуценти на филмот ќе бидат Роберт Де Ниро и Џејн Розентал за Трибека, Џеј Роуч за Дилирус медиа, Бен Стилер за Ред аур филмс и Хамбург за Партикулар пикчерс.
Слични новости
Тајгер Вудс ја потврди врската со поранешната снаа на Трамп на функцијата
Голферот Тајгер Вудс потврди дека е во врска со 47-годишната Ванеса Трамп, поранешната снаа на американскиот претседател Доналд Трамп
Бебињата паметат повеќе отколку што мислите
Првите години од животот се период на интензивно учење, но луѓето обично не се сеќаваат на ова, феномен познат како инфантилна амнезија
Ротердам нуди бесплатно членство во библиотеката на сите жители
Сите жители на Ротердам ќе можат бесплатно да се зачленат во библиотека од 1. мај, по што ќе можат да позајмуваат шест книги годишно од една од 23 библиотеки